Шефица, наместо Шеф, семејство – наместо асистенти

Лесно им е на оние кои во едната рака држат нож, а со другата мафтаат наоколу издавајќи им наредби на своите бројни асистенти, уиграни до автоматизам. Госпоѓа Фросина и нејзината екипа, сопругот Тони и зетот Владо се дел од една многу помакедонска, подраматична и посимпатична кулинарска приказна.

1087

Фросина и Тони Ивановски се сопружници, едни од многуте во Македонија кои секојдневно се борат за подобар живот за себе и за своите деца, се вложуваат максимално во сѐ што работат и не се плашат, а и ако се плашат, сепак се осмелуваат и прават смели чекори ризикувајќи да успеат – или да банкротираат.

Тони е сопственик на мал маркет во една скопска населба во која соседите никогаш не можат да останат гладни бидејќи и кога немаат пари кај него можат да купуваат на рабуш, а Фросина е секогаш во некоја кујна…до неодамна, тоа беа туѓи, а од годинава, и во своја кујна (добро, не баш своја бидејќи нивниот семеен ресторан е земен под наем).

Нивниот семеен ресторан во близина на средното уметничко училиште, во скопската општина Центар, работи од годинава, значи само 4 месеци, но веќе има свои редовни клиенти.

Вчера тоа беше една пензионерка која со задоволство си ја сркаше својата чорба, едно поголемо бучно друштво кое се мезеше со свежи салати, печени пиперки и по некое тазе печено мевце на скара, двајца господа во костуми кои си добија домашна храна – готвено јадење на денот беше турлитавата, но имаше и неколку преостанати сармички од лозов лист од вторничното мени (за кои се молевме да не ни ги земат пред нос) и се разбира, ние, од Арт кујна.

Прочитајте повеќе ТУКА.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...