Погледнете ја „Гугутката“, приватниот авион на Ким Џонг-ун (ВИДЕО)

Некои западни медиуми го нарекоа леталото - „Ер форс Ун" - како изведенка од „Ер форс Уан" и името на лидерот.

965

Авионот со кој лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун неделава пристигна во Кина официјално се нарекува „Чамае-1″ (гугутка – птицата национален симбол на неговата земја). Сепак, некои западни медиуми го нарекоа леталото – „Ер форс Ун” – како изведенка од „Ер форс Уан” и името на лидерот.

Авионот е произведен во Советскиот Сојуз, и е украсен со натпис „Северна Кореја“, знамето, грбот и уште еден натпис кој вели: „Претседател на Комисијата за државни работи”, како што гласи официјалниот назив на функцијата на Ким.

Лидерот на Северна Кореја не е претседател на земјата, оти таа титула сѐ уште му припаѓа на неговиот дедо Ким Ил-сунг кој почина 1994 година.

Ретки се приликите да се види внатрешноста, а снимките се преземени од севернокорејските медиуми. На масичката од лакирано дрво, се гледаат телефон, рутер и лаптоп во сребрена боја.

Но, и покрај префинетиот изглед, познавачите изразуваат сомнеж во безбедноста на авионот, пред се поради староста.

Ким и неговата сопруга првпат беа видени во авионот во 2014 година Ким редовно користи авион, за разлика од неговиот татко Ким Џонг-ил кој и не сакаше авиони, па патуваше само со воз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...