Изетбеговиќ со правдал пред Меркел зошто ќе го пречека Ердоган во Сараево (ВИДЕО)

- Дојде до појаснување на ставовите пред канцеларката Меркел -изјави Изетбеговиќ.

281

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ по синоќешната средба на членовите на Претседателството со германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека се разговарало за Изборниот закон на БиХ, но и за актуелни теми од земјата и регионот.

– Дојде до појаснување на ставовите пред канцеларката Меркел, која е расположена да помогне во врска со Изборниот закон, бидејќи пријателите од Европа се загрижени дека нема да можеме да го формираме Домот на народите и вертикалата на власт, со што ќе испратиме лоша порака за нашиот европски пат, односно нема да можеме да почнеме преговори со ЕУ, изјави Изетбеговиќ.

Тој дополни дека еден час бил потрошен на појаснување детали пред Меркел и незините советници околу тоа дека проблемот е во судирот на два принципа.

– Она што ќе се случи е дека ќе дојдат претставници на Венецијанската комисија и ние ќе мораме да бидеме кооперативни. Тоа е како Рубикова коцка, но не е невозможно, посебно ако имаме пријатели покрај нас, изјави Изетбеговиќ за „Ал Џезира“.

На средбата, Меркел прашувала за посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и најавениот предизборен соби.

– И кажав дека јас со Ердоган ќе присуствувам на собирот на Унијата на европски турски демократи. Ниту Меркел, ниту Ердоган не се шефови на БиХ, но се добредојдени во БиХ. Кога ќе го погледнете списокот на се добро што направил Ердоган за БиХ и списокот на нешто лошо, ова второво нема да може да го најдете. Никому не би требала да биде спорна посетатата на Ердоган на Сараево, оцени Изетбеговиќ.

Тој додаде дека пред два дена добил писмо дека Ердоган ќе дојде во работна посета во мај, а не во јуни, како што беше претходно најавено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...