Во сообраќајна несреќа на автопат во јужна Полска се преврте цистерна која пренесувала 12 тони течна чоколада.
Поради несреќата автопатот од Познањ до Варшава во двата правци беше затворен неколку часа, се додека коловозот не беше целосно исчистен.
„Патот беше прекриен со чоколада во слој од пет сантиметри, кој по протекувањето веднаш почна да се лади и стврднува. Во еден момент делуваше како на патот да има огромна табла од чоколада“, соопштија од полицијата.
За среќа, возачот на цистерната ја повредил само раката и е префрлен во болница.