Итан Брамбл од Нов Јужен Велс, Австралија, се нарече себеси човекот со најмногу телесни модификации на светот.
Момчето има 21 година, а веќе му се извршени повеќе од 40 операции и на неговото тело се направени дури 150 тетоважи.
Своето тело почнал да го менува кога имал 11 години, при што најпрво направил растегнување на ушите. Потоа не сопрел со интервенциите на телото.
Неговите многубројни физички модификации вклучуваат тетовирање на многу места по кожата, како и на очните јаболка, отстранување на папокот, разделување на јазикот и отстранување делови од двете уши.
Брамбл веќе на 13 години почнал да посетува студија за тетовирање, а денес, поради неговиот редикален изглед, на Инстаграм го следат повеќе од 65.000 луѓе. Момчето дури ги има тетовирано и очите.
Одлуката целосно да го преобрази своето тело, 21-годишниот Итан не ја смета за ништо поинаква од фактот што луѓето секојдневно нанесуваат шминка или ја бојадисуваат косата.
– Во двата случаја (операции и тетоважи) станува збор за тоа да изгледате токму онака како што сакате да изгледате, а јас отсекогаш сум верувал дека луѓето не треба да се вреднуваат според тоа како изгледаат. Крајниот резултат сто отсто вреди за жртвувањето доколку сте посветени на тоа – изјавил младиот Итан.
Момчето како најголема модификација на себе го издвојува разделувањето на јазикот, операција што ја направил кога имал 17 години. По хируршката интервенција заздравувал пет дена и поминал низ еден вид хорор. Итан изјавил дека во тоа време дури и спиел исправено, од страв да не се задуши со сопствената плунка.
Најстрашно, признава Итан, му било да го издржи тетовирањето на неговите очни јаболка.
– Едно лице ви ги држи отворени очните капаци, а вие морате да гледате во една точка. Многу е стресно, бидејќи ако го придвижите окото додека го тетовираат, би можеле да ослепите – раскажал Австралиецот.
Десетиците илјади обожаватели на Итан на социјалните мрежи редовно добиваат известувања и фотографии од неговите најнови, радикални модификации на изгледот и го поддржуваат во тоа. Но, оваа „индустрија“ има и големи критичари.
Министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Бред Хазард, ја нарекол индустријата „најлошото варварство што може да се замисли“.
ФОТО: инстраграм