Марсела во облека скокна во вода да си го спаси кутрето, цел Бразил прави шеги

Првата дама на Бразил, Марсела Тадески Темер, без размислување облечена скокнала во езерото во кругот на претседателската резиденција за да го спаси своето кутре.

215
ФОТО: Јутјуб

Првата дама на Бразил, Марсела Тадески Темер, без размислување облечена скокнала во езерото во кругот на претседателската резиденција за да го спаси своето кутре. Тој потег резултираше со низа коментари кои ја исмеваат и со шеги на сметка на нејзиниот непопуларен сопруг на социјалните мрежи.

Додека со синот шетала низ резиденцијалниот парк, нејзиниот пес Пиколи од расата џек расел, завршил во езерото настојувајќи да се одржи на површината. Гледајќи го како се измачува, поранешната 34-годишна кралица на убавината се фрлила по него во водата.Медиумите пишуваат и дека, наводно агент од претседателското обезбедување, кој одбил да му помогне на песот во неволја, добил отказ.

Лево ориентираниот блогер Леонардо Стопа напиша дека Марсела Темер песот го спасила бидејќи „тој е единствениот преостанат приврзаник на Темер“. Друг влијателен блогер, Хозе Шимао, пак, твиташе:„Кучето на Марсела се обиде да се убие бидејќи веќе не можеше да го поднесе Темер“.

Против седумдесет и седумгодишниот бразилски претседател Мишел Темер, кого го поддржуваат САД, покренати се бројни истраги против корупција, и често во карикатурите е прокажуван како митскиот гроф Дракула.

Неговата сопруга е помлада од него цели 43 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...