И Масимо летово доаѓа во Охрид

Авалон потсетува дека Масимо доаѓа за прв пат во Охрид со концерт што ќе се одржи на 14 јули.

192

– Кога се супер вокалите во прашање, одиме понатаму!- се вели во соопштението на Авалон продукција, организатор на концертот на Масимо Савиќ на 14 јули во Охрид.

Во соопштението понатаму се вели: „Пред да имаме можност да уживаме во настапот на најдобриот италијански пејач на светот ZUCCHERO во Охрид на 25ти јули на Античкиот театар, се погриживме, некаде на отворањето на туристичката сезона да имаме задоволство да го видиме и сигурно најсупериорниот вокал на балканот во моментов, маестралниот Масимо“.

Се разбира, за неговиот беспрекорен перформанс да може да се доживее како што треба, локацијата ќе биде Антички театар- совршеното место за ваков тип на концерти, на 14-ти јули.

Авалон потсетува дека Масимо доаѓа за прв пат во Охрид, за прв пат на open air во Македонија, и се разбира дека ќе биде огромно задоволство за сите нас во Охрид да ги слушнеме следните песни: „Dodirni me slucajno“, „Stranac u noci“, „Iz jednog pogleda“, „Zagrli me“, „Krug u zitu“, „Sjaj u tami“ …

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 21 мај, во 21 часот.

ФОТО: Авалон продукција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...