Џина Хаспел, на која Сенатот денеска и ја потврдува номинацијата на местото директорка на ЦИА, изјавила дека ЦИА нема повторно да ја започне програмата на тајни притвори и брутални начини на испитување, како онаа користена после терористичките напади на САД на 11 септември 2001 година.
ЦИА во вторникот вечерта објави делови од нејзиниот уводен говор на сослушувањето пред разузнавачкиот одбор на Сенатот, како потврда на нејзината номинација.
Таа има долгогодишен стаж во ЦИА каде поминала 30 години.
Трамп на Твитер навел дека Хаспел е најквалификуваната личност за директор на ЦИА и ѝ посака успех.