Времено е укината увозната давачка за свинско месо

Со оваа предлог одлука се очекува да се зголеми конкурентноста на домашната индустрија на преработки од месо, а со тоа да се зголеми производството и извозот на преработки од месо и да се зголеми бројот на вработени во домашната индустрија за месо.

452

Министерството за економија предложи, а Владата на денешната 67. седница ја усвои одлуката за времено укинување на увозната давачка-специфичната и царинската стапка по вредност за замрзнато свинско месо и други производи од свинско, соопшти владината прес-служба.

„Предлогот се однесува на временски период од шест месеци, а количините се утврдени на ниво од 50 отсто од утврдените потреби за суровини на домашната индустрија, од страна на Стопанската комора на Република Македонија, Групацијата за производство на месо и преработки од месо, врз основа на фактурираната и наплатена реализација во претходната година“, се наведува во соопштението.

Со оваа предлог одлука се очекува да се зголеми конкурентноста на домашната индустрија на преработки од месо, а со тоа да се зголеми производството и извозот на преработки од месо и да се зголеми бројот на вработени во домашната индустрија за месо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...