Индиски компании ќе инвестираат во текстил и земјоделство

Ова денеска на средба со министерот за економија крешник Бектеши го соопштил индискиот министер за текстил и индустрија Ајау Тамта.

280

Индиските компании се заинтересирани да инвестираат во текстилната индустрија и во земјоделскиот сектор во Македонија. Интерес има и за филмската индустрија и за информатичката технологија.

Ова денеска на средба со министерот за економија крешник Бектеши го соопштил индискиот министер за текстил и индустрија Ајау Тамта.

Како што информираат од Министерството за економија на средбата Бектеши го информирал индискиот министер Тамта за поволните услови што им се нудат на потенцијалните инвеститори и посочил дека индиските компании би можеле да ја искористат Македонија како центар за дистрибуција на финални производи низ Европа и пошироко, посебно во Турција и Украина.

Бектеши предложил двете земји да  склучат договор за економска и трговска соработка.

Текстилната индустрија во Индија вработува 45 милиони луѓе, додека годишниот извоз достигнува 40 милијарди долари. Размената меѓу Македонија и Индија во 2017 година изнесувала 54,6 милиони долари, а во 2016 година – 64,7 милиони долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...