Пејачот на српскиот престставник на натпреварот за песна на Евровизија во Лисабон, бендот Балканика, Младен Лукиќ синоќа заврши во болница во Португалија.
Според неофицијалните информации, поради висок притисок тој е итно префрлен во болница, каде веднаш примил терапија.
– Се е во ред. Веројатно му падна имунитетот поради промените и временската разлика. Битно е дека се чувствува добро и дека ќе настапи во четврток со целиот состав – потврди ПР на групата Балканика.
Српските претставници настапуваат во четврток, на 10 мај, на втората полуфинална вечер на Евросонг.
ФОТО: Инстаграм