„Жилетите од Бирмингем“ можеби ќе има две сезони повеќе од планираното

Најт моментно работи на петтата сезона на оваа гангстерска серија на Би-Би-Си, па како што вети, во серијата и натаму ќе го гледаме Килијан Мерфи во улога на главниот лик Томи Шелби.

95

Стивен Најт, творецот на „Жилетите од Бирмингем“ (Peaky Blinders) открива дека приказната за озлогласеното семејство Шелби ќе има две сезони повеќе од предвиденото.

Најт моментно работи на петтата сезона на оваа гангстерска серија на Би-Би-Си, па како што вети, во серијата и натаму ќе го гледаме Килијан Мерфи во улога на главниот лик Томи Шелби.

– Шеста сезона сигурно ќе има, а веројатно ќе направиме и седма. Разговаравме со Марфи околу неговата улога и тој е согласен, рече Најт.

Тој претходно навестуваше дека серијата ќе има само пет сезони, објаснувајќи, меѓу другото, дека „се доволни шест епизоди, за да ја раскажат целината“.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...