Градинарите од струмичкиот регион се задоволни од откупните цени на доматите и краставиците. Според претставници на земјоделците има голема побарувачка за раноградинарските производи на почетотокот на производствената сезона.
– Краставиците се откупуваат до 40 денари за килограм, пролетната зелка од 15 до 18 денари, доматите од 65 до 70 денари, а пиперките до 70 денари за килограм. Во споредба со истиот период лани цените се многу повисоки и сметам дека овој производствен турнус ќе биде меѓу подобрите – информира Ванчо Митев од Земјоделското Здружение „Еко Градинар“ од село Добрејци.
Засега извозниците најголем интерес покажуваат за краставицата од Струмичко. За неа најголемо побарување има од соседна Бугарија, каде и најмногу се извезува.
Според претставниците на земјоделските здруженија во наредните денови се очекува и исплата на субвенциите за тутунот од ланската реколта. Тоа, според нив, е во вистинско време, кога овие средства им се потребни за инвестирање во прозводството