Главниот обвинител на Њујорк, Ерик Шнајдерман поднесе оставка откако четири жени го обвинија за физичко насилство.
Тој категорично ги отфрли обвинувањата, но изјави дека тие му пречат соодветно да си ја извршува работата и поради тоа поднесува оставка.
Шнајдерман истакна дека на него било голема чест и привилегија да работи како главен обвинител.
Списанието „Њујоркер“ објави за наводно насилство врз четири жени со кои Шнајдерман бил во романтични врски. Две од жените тврдат дека тој неколкупати ги тепал и оти често бил пијан.
По таквите тврдења, гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо го повика Шнајдерман да поднесе оставка.