Путин со нова лимузина го почна четвртиот претседателски мандат ВИДЕО

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пред околу 5.000 гости, положи свечена заклетва за четврт претседателски, шестгодишен мандат, на церемонија на инаугурација во Кремљ.

919

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пред околу 5.000 гости, положи свечена заклетва за четврт претседателски, шестгодишен мандат, на церемонија на инаугурација во Кремљ. Во поновата историја на Русија ова е седми по ред ваков настан, а сè започна во 1991 година кога земјата сè уште беше дела од СССР.

На свеченоста Путин пристигна во новата претседателска лимузина, која е произведена во Русија. Автомобилите од оваа генерација се развиени во програмата „Кортеж“ и сега ги заменуваат германските автомобили кои претходно ги користеле претседателите на Русија.

Прекршувајќи ја долгата традиција на чување на ходниците на руските власти во тајност, телевизиското прикажување на инаугурациската церемонија на Владимир Путин денеска беше ретка шанса јавноста да ѕирне во неговата работна средина.

– Додека стапувам на должноста претседател, посебно силна одговорност чувствувам пред нашиот многунационален народ, одговорност пред Русија, пред илјадагодишната историја на нашата земја, нашите претци – изјави Путин.

Тој истакна дека го смета за свој долг и смисла на живот да направи се што може за земјата.

– Русија треба да биде современа и динамична, храбро да ги прифаќа предизвиците на времето и да го јакне своето лидерство во сферите каде сме традиционално силни – рече Путин пред насобраните гости по стапувањето на должност.

– Русија ќе биде силна, а народот ќе живее подобро -вети рускиот претседател и дополни дека историјата не простува една работа: рамнодушност и недоследност.

Путин оцени дека на Русија и се потребни продори во сите сфери и дополни дека исчекор ќе може да се направи само со слободно општество и порача дека менувајќи се заедно со светот, Русија не смее да ја заборави својата историја, самобитност и единство.

 

Путин на изборите на 18 март убедливо победи, освојувајќи повеќе од 76 отсто од гласовите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...