Морничави експерименти во сектата во која упадна и внуката на српската принцеза Караѓоерѓевиќ (ВИДЕО)

1472

Светската јавност ја шокираше случајот поврзан со озлогласениот култ НХИВМ (Нексеум) во кој главната улога ја има доктор кој спроведувал експерименти над многубројни жртви, а некои од нив подразбирале присилување на жените да гледаат видеоснимки со силување и сакатење на телата.

Доктор Брендон Портер (44), инаку семеен лекар кој живее во Олбани (Њујорк), е обвинет за нелегални експерименти, односно за реализирање на „страшните студии“ на околу 100 луѓе, во организација на контроверзното американско тајно друшво НХИВМ.

Истрагата е отворена откако Џенифер Кобелт, канадската актерка, која му пристапила на спомнатото друштво, минатото лето покренала обвинение против Брендон. Според нејзините зборви, Брендон ги снимал реакциите на своите жртви додека ги мачел.

– Продолжи да ја снима мојата реакција најмалку 10 минути додека се борев со нагонот за повраќање и желбата да плачам на цел глас – рекла таа.

Таа тврди дека Портер и покажувал фотографии без никакво предупредување.

„Ме изневери, не само како пријател туку и како медицински работник на кој безброј пати му го доверував своето здравје додека бев во Њујорк“, напишала актерката во својата изјава.

Државната канцеларија за професионално медицинско однесување во Њујорк (OMPC) во септември 2017 година му проследила писмо на Портер во кое пишува дека наводите на Џенифер Кобелт не се третираат како чин на непрофесионално однесување.

Сослушувањето е закажано за 27 јуни, а ако спомнатите обвиненија се покажат како вистинити, Брендон би можел да остане без својата лиценца, да биде суспендиран или отстранет од работното место.

Да потсетиме, сектата НХИВМ се најде под федерална истрага по обвиненијата дека се занимавала со плакнење на мозокот и уценување на жените да станат „сексуални робови“.

Една од членките на сектата е и Индија Оксенберг, ќерка на актерката Катарина Оксенберг и внука на српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...