Тајна е исходот од разговорот Заев-Иванов за гувернер

Средбата, која не беше формално најавена, е на барање на Заев, откако владејачката парламентарна група се изјасни дека не го поддржува предлогот што неодамна го даде претседателот Иванов актуелниот гувернер Димитар Богов повторно да ја извршува оваа функција.

157

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев претпладнето имале средба за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка на РМ, кој треба да биде заокружен на крајот на месецот.

Од кабинетот на премиерот за МИА потврдија дека имало средба, но не соопштуваат детали за разговорите. Посочуваат дека организатор на средбата бил кабинетот на претседателот на државата, од каде најавија соопштение за содржината на разговорите.

Средбата, која не беше формално најавена, е на барање на Заев, откако владејачката парламентарна група се изјасни дека не го поддржува предлогот што неодамна го даде претседателот Иванов актуелниот гувернер Димитар Богов повторно да ја извршува оваа функција.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...