Јужноафриканскиот режисер Карлос Карваљо настрада при снимање емисија во резерват за диви животни, откако ненадејно го нападнала жирафа.
Продуцентската куќа Калакру потврди дека Карваљо загинал при снимање документарен филм на фармата Глен Африк, северозападно од Јоханесбург, кога се случила „фаталната средба со жирафата“. Карваљо се наоѓал покрај животното кога тоа замавнало со вратот и го соборило.
Режисерот бил веднаш пренесен в болница во Јоханесбург, каде починал истата вечер поради задобиените повреди.
ФОТО: Фејсбук