„Ај Кју“ шармираше на синиот тепих

Пред официјалниот почеток на годинашниот избор на најдобра песна на Евровизија, вторник 8 мај, претставниците на земјите учеснички прошетаа по синиот тепих во Лисабон, Португалија. Меѓу нив беа и македонските претставници, бендот „Ај Кју“.

1064

Пред официјалниот почеток на годинашниот избор на најдобра песна на Евровизија, вторник 8 мај, претставниците на земјите учеснички прошетаа по синиот тепих во Лисабон, Португалија. Меѓу нив беа и македонските претставници, бендот „Ај Кју“.

Пејачката Марија за пригодата облече кратко, сино фустанче со деколте, а својот изглед го надополни со сребрена чантичка и сребрени сандали. Бојан од „Ај Кју“ пак носеше црно-син костум со црна кошула.

Од настанот фотографија е објавена на официјалниот профил на бендот на Инстаграм, со коментар: „Евровизиски син тепих“.

– Вечерва, 43 учесници од годинашниот евровизиски натпревар имаа гламурозна појава на синиот тепих – беше забележано на евровизискиот сајт.

Македонските претставници ги имаа пробите пред официјалниот настап, од кои беа објавени видеа и фотографии на кои може да се забележи дека пејачката Марија ја менува гардеробата.

На сцената со Марија и Бојан се и тапанарот Иво Митковски и три придружни вокали. Тие ќе се претстават со песната „Изгубено и најдено“ („Lost and found“).

„Ај кју“ на Евровизија настапуваат на првата полуфинална вечер на 8 мај, кога ќе се обидат да се пласираат во финалето, закажано за 12 мај.

Македонија ќе се претстави 11-та по ред, веднаш по Бугарија, а пред настапот на Хрватска. Првата полуфинална вечер на 63. издание на музичкиот натпревар ќе биде отворена со настапот на Азербејџан, а последен, 19-ти, е настапот на Кипар.

Заедно со Македонија за пласман во финалето на 8 мај ќе се борат и Исланд, Албанија, Белгија, Чешка, Литванија, Израел, Белорусија, Естонија, Австрија, Грција, Финска, Ерменија, Швајцарија и Ирска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...