Патник платил поскап авионски билет поради своето долго име

Тајландската авиокомпанија „Таи Ервејз" му наплатила поскапа авионска карта на еден патник, бидејќи имал предолго име, објави „Бангкок пост".

97

Тајландската авиокомпанија „Таи Ервејз” му наплатила поскапа авионска карта на еден патник, бидејќи имал предолго име, објави „Бангкок пост”.

Имено, службеничката на патникот му пресметала повисока тарифа оти името напишано на билетот не се совпаѓало со она во пасошот. Патникот ова го објаснувал со фактот што презимето му е многу долго и не го собирало во интернет образецот кој имал ограничен број букви.

Од компанијата изразуваат жалење за случајот и уверуваат дека ќе преземат соодветни мерки тоа да не се повтори.

– Се извинуваме за непријатностите. Образецот кој патниците го пополнуваат преку интернет има место за 25 карактери за име и презиме, наведува потпретседателот Виват Пијавироџ на официјалната Фејсбук страница на компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...