Белгиец казнет бидејќи, наводно, возел 696 километри на час?!

Грешката се должела на неправилно внесен код од страна на полицијата, бидејќи тој се движел со 60 к /ч наместо дозволените 50. 

316

Белгиски државјанин речиси се онесвестил од изненадување, откако по пошта добил уплатница за парична казна за возење со 696 километри на час со неговиот „опел астра“.

Мажот, на возраст од околу 30 години, не можел да им поверува на очите откако прочитал дека паричната казна се однесува за брзо возење од над 690 километри на час, што било откриено од радар на полицијата во општина Киеврен, во близина на границата со Франција.

Всушност грешката се должела на неправилно внесен код од страна на полицијата, бидејќи тој се движел со 60 к /ч наместо дозволените 50. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...