Белата куќа го отфрли кинеското барање за преименување на Тајван: Тоа е „Орвеловска будалаштина“

390

Белата куќа денеска остро реагираше против кинеското барање американските авиокомпании да го сменат името и начинот на кои ги промовираат островот Тајван и градовите Хонг Конг и Макао.

Кинеската служба за цивилна пловидба во април упати писмо до 36 авиокомпании, меѓу кои и поголем број американски компании, во кои бара да ги сменат имињата на Тајван и на кинеските градовите Хонг Конг и Макао, на начин кој со сигурност ќе покаже дека островот Тајван и градовите се дел од Кина. Хонг Конг и Макао и беа вратени на Кина од страна на Британија, односно Португалија, додека Тајван и Кина се уште спорат околу статусот на островот. Во писмото се бара при именувањето на Тајван, Хонг Конг и Макао од страна на авиокомпаниите на нивните интернет страници и печатените материјали што ги дистрибуираат, строго да се внимава да не се употребуваат имиња или изрази кои асоцираат нивна независност или издвоеност од Кина, како што е изразот „специјален административен регион“ за Хонг Конг.

„Ова е Орвеловска будалаштина и дел од зачестените обиди на Кинеската комунистичка партија да им ги наметне своите политички ставови на американските граѓани и приватни компании. САД строго се спротиставува на обидите на кинеските власти да принудуваат приватни компании да користат одреден јазик со политички карактер во нивните јавно достапни материјали. Претседателот Доналд Трамп отпочна кампања против политичката коректност во САД и тој ќе ги брани Америакнците кои се спротиставуваат на обидите на Кинеската комунистичка партија да им наметне кинески вид на политички коректност на американските граѓани и компании“, соопшти Белата куќа во својот одговор на кинеското барање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...