Во Либан денеска се одржуваат првите парламентарни избори по пауза од девет години во рамките на кои земјата се соочуваше со чести политички кризи.
Главни конкурентни за превласт се Движењето за иднината на премиерот Саад Харири, кое ги претставува сунитските жители на Либан, и шиитското про-иранско движење Хезболах. Либанските закони забрануваат објавување на предизборни анкети за да не се влијае на исходот на гласањето, поради што е неизвесно како ќе поминат двете најголеми партии. Саудиска Арабија и Иран се обидуваат да влијаат врз ориентацијата на малата, етнички мешана држава на брегот на Средоземно Море, која е клучна во нивното ривалство за превласт над Блискиот Исток.
Право на глас имаат 3,6 милиони граѓани, а се избираат 128 членови на Парламентот. Гласовите ќе се распределат според пропорционалниот модел, со отворени листи