Разрешен е синдикалниот лидер на „Фени“

767

На вчерашното собрание работниците му искажаа недоверба на претседателот на синдикатот на „Фени“, откако финансиската контрола на работењето покажала дупка од околу 100 илјади евра во финансиите на синдикалната организација на комбинатот, објави 24 Вести.

Недостигале документи за направени трансакции и позајмици, а контролата утврдила дека исплати и договори со коминтенти се склучувале без одлука на синдикалниот одбор. За надзорниот одбор спорни се и договорите за набавка на огревни дрва, позајмицата од бугарски „Енекод“, трошоците за телефон, угостителски услуги, подароци и прослави.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...