Макрон ги повика Новокаледонците да не се отцепуваат од Франција

Според анкетите, над 59 проценти од граѓаните се против независност од Франција, а 22,5 проценти се за отцепување од Франција.

368

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја посети пацифичката островска територија Нова Каледонија да ги повика граѓаните да гласаат против независност.

Нова Каледонија има статус на специјална француска област, а е под француска власт од 1853 година. Во 1970-ите и 1980-ите островскиот архипелаг бил погоден од серија безредија и судири меѓу француските сили и вооружени групи кои се залагаат за независност, а при крајот на годинава нејзините 260.000 жители ќе решаваат за иднината на референдум за независност.

– Не сакам да им кажам на Каледонците како да гласаат на референдумот за независност. Сакам да им помудам проект за заедничка иднина – изјави Макрон во своето обраќање пред граѓаните на пристанишниот град Нумеа.

Според анкетите, над 59 проценти од граѓаните се против независност од Франција, а 22,5 проценти се за отцепување од Франција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...