Почина Вим Алосери, последниот преживеан холандски логораш

94

Последниот Холанѓанин кој го преживеал нацистичкиот концентрационен логор Нојенгам, Вим Алосери, починал во средата на 94 години.

Портпаролката на меморијалниот центра Нојангам соопштила дека Алосери починал во сон, пренесува АП.

Алосери починал во Хамбург, каде допатувал за да присуствува на одбележувањето на 73. годишнината од ослободувањето на Нојенгам.

Покрај концентрациониот логор, Алосери го преживеал и потонувањето на бродот Кап Аркона, кој бил користен за превоз на затвореници.

Бродот го потонале британски авиони во мај 1945 година во пристаништето Либек, верувајќи дека на него има нацисти.

Од околу 6.600 луѓе на Кап Аркона, преживеале 450.
За животот на Алосери минатиот месец е објавена книга во Холандија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...