Парламентот на Каталонија денеска усвои закон со кој на пратениците им се овозможува за претседател да изберат кандидат кој не е во земјата и кој заклетвата би можел да ја даде и во странство. Со тоа му се отвора пат на Кларлес Пучдемон да биде поставен на таа функција.
Законот го поддржа мнозинството од 70 пратеници од партиите кои се залагаат за независност на оваа шпанска покраина, додека 65 биле против. Но, ваквото сценарио тешко ќе се реализира бидејќи Владата на Шпанија најави дека одлуката ќе ја оспори пред Уставниот суд.
Пучдемон во Берлин чека на одлуката на германските власти дали ќе го испорачаат на Шпанија поради обвинението за злоупотреба на јавни средства. Парламентот на Каталонија до 22 мај ќе мора да избере претседател и да гласа за составот на регионалната влада, а доколу тоа не го стори, ќе следат нови избори.