Њујоркшкиот хотел „Плаза“ продаден за 600 милиони долари

168

Легендарниот њујоркшки хотел „Плаза“ е продаден за цена од 600 милиони долари.

Договорот за продажба ќе биде финализиран на 25 јуни, а хотелот ќе го купат двајца инвеститори.

Станува збор за Шанал Кан, основач на компанијата „Вајт сити венчерс“ со седиште во Дубаи, и Камран Хаким од холдингот „Хаким“, кој е еден од најголемите сопственици на недвижности во Њујорк.

Хотелот „Плаза“ е отворен во 1907 година и е единствениот хотел кој е впишан во американскиот Национален регистар на историски знаменитости.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...