Северна и Јужна Кореја повторно се во иста временска зона

112

Северна Кореја веќе е во иста временска зона со Јужна Кореја, јави севернокорејската новинска агенција КЦТА.

Агенцијата додаде дека промената на времето е првата практична мерка за забрзување на процесот на обединување на Северот и Југот по историската трета средба на врвот меѓу двете држави минатата недела.

Воспоставувањето на иста временска зона на Корејскиот полуостров беше договорено на разговорите меѓу јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 27 април во пограничното место Панминџон.

До 2015 година Северна и Јужна Кореја со децении беа во иста временска зона, се додека Пјонгјанг не одлучи да воведе своја зона и ги врати стрелките за 30 минути назад во однос на Сеул.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...