На парламентарните избори во Словенија ќе учествуваат рекордни 25 листи

70

Вкупно 25 партии и незавсни кандидати поднесоа свои кандидатски листи за учество на парламентарните избори во Словенија, закажани за 3 јуни.

Кандидатури поднесоа 22 партии, а и три независни кандидатски листи.

Меѓу пријавените за учество на изборите се и Партијата на модерниот центар (СМЦ) на словенечкиот премиер Миро Церар, водечката опозициска сила Словенечката демократската партија (СДС) на Јанез Јанша, Демократската партија на пензионерите (ДЕСУС) на шефот на дипломатијата Карл Ерјавец, како и партиите Социјална демократија (СД) и Нова Словенија (НСИ)

Бројот на листи што поднесоа кандидатура оваа година е ист со рекордниот број партии кои учествуваа на изборите во 1992 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...