Манекенката Џиџи Хадид се фотографираше за насловната страница на италијанскиот „Вог“, но наместо, како и обично, што коментираат дека е убава, овојпат луѓето коментираат дека е непропознатлива, што е и вистина!
Џиџи на оваа фотографија е непрепознатлива не само затоа што има темна коса, туку
„Вог“ го обвинија дека користи премногу фотошоп и дека и ја потемниле кожата на манекенката.
Нејзините фанови жестоко го прозваа фотографот Стивен Клајн, помеѓу останатото, истакнувајќи дека тоа е непочитување кон манекенката.
Сега Џиџи Хадид и италијанскиот „Вог“ се извинија поради мајското издание. Манекенката ги замоли сите да разберат дека таа нема никаква контрола на снимањето кога станува збор за креативната дирекција и дека кога ќе го напушти снимањето, се што се прави на нејзините фотографии во целост е надвор од нејзината контрола. Убавата Џиџи објаснила дека немала никакава контрола над финалната верзија на насловната страница.
„Бронзирањето и фотошопот се стил кој Стивен Клајн го одржува веќе со години и верувам дека тоа е она што е барано од ова снимање – да ме прикаже креативно на поинаков начин. НО, исто така, разбирам какви биле намерите на „Вог“, тоа не е изведено како што треба и загриженоста е оправдана. Сакам да им се обратам на оние кои ги навреди обработувањето/ретуширањето/боењето на насловницата. Ве молам, знајте дека ситуацијата би била поинаква да имав контрола врз тоа.“
Манекенката без оглед на тоа се извинила и напишала дека нејзините намери не биле некого да навреди ниту нешто слично и дека се надева дека оваа насловна ќе им послужи како пример на тимовите со луѓе кои работат за другите магазини. Таа додала дека не сака на никого да му ја земе работата.
„Постојат вистински проблеми кои се однесуваат на репрезентацијата во модата – наша е одговорноста да ги уважиме тие проблеми и низ нив да комуницираме за да имаме повеќе различности во индустријата.“
Џиџи Хадид ја избриша насловната фотографија на „Вог“ од својот профил на Инстаграм.