Електрани на Македонија вчера продаде вишоци електрична енергија во количина од 88.320 MWh, по цена од 43,87 eвра за MWh. Вкупната заработка за компанијата е 3.874.598 евра, соопштија од компанијата.
Продадените вишоци, соопштуваат од компанијата, се „базна” електрична енергија (0-24ч) за периодот јуни, јули и август 2018 година.
„АД ЕЛЕМ понуди и 14.400MWh „врвна” енергија (8-20ч) за која се доби највисока цена од 44,05 евра за MWh. Со оглед на тоа што постигнатата цената беше под проценките за исплатливост на производството на електрична енергија од наведениот тип, не беше извршена продажба на оваа количина“, појаснуваат во соопштението од ЕЛЕМ.
Според ЕЛЕМ, продажбата на електрична енергија која е реализирана, ќе овозможи зголемување на производството на АД ЕЛЕМ во обем на наведените количини, подобрување на финансиската состојба и зголемување на портфолиото на компанијата.