Глумецот Бил Козби и режисерот Роман Полански повеќе не се членови на американската Филмска академија, соопшти Бордот на директори.
Харланд Браун, адвокат на Полански, изјави дека на режисерот „не му била дадена можност да се брани себеси пред Академијата“. – Тоа е многу лош пример. Погрешно е да исфрлите некого без да ги согледате сите факти, рече Браун.
Козби минатата седмица беше осуден по три точки за силување, а Полански веќе 40 години е во доброволен егзил во Франција, откако во 1977. американските власти против него покренаа обвинение за малолетничко силување.
Одлуката за отстранување на холивудските ѕвезди од Академијата е донесена на 1 мај годинава.
Претходно и продуцентот Харви Вајнстин беше исфрлен од американската Академија.