Ќерката на Бил Гејтс за дипломирањето ќе добие ранч од 16 милиони долари

Џенифер Гејтс е една од најталентираните јавачки помлади од 25 години.

254

Ќерката на американскиот милијардер Бил Гејтс, која наскоро ќе дипломира на престижниот американски универзитет „Стенфорд“, како подарок за дипломата ќе добие ранч од 16 милиони долари на кој ќе може да тренира јавање.

Џенифер Гејтс по дипломирањето планира професионално да се посвети на натпреварите во јавање.

Поради тоа нејзиниот татко се одлучи за ваков подарок и купи фарма со коњи во Норт Салем. Пред четири години Бил Гејтс потроши 18 милиони долари за ранч во Сан Диего.

Џенифер Гејтс е една од најталентираните јавачки помлади од 25 години. Таа ќе дипломира биологија и планира да продолжи со образованието во сферата на медицината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...