Нов инцидент меѓу грчки и турски брод во Егејското Море

Турски товарен брод, прекршувајќи ги меѓународните прописи за избегнување на судари во морето, се приближил и закачил брод на грчката воената морнарица рано утрово.

332

Турски товарен брод, прекршувајќи ги меѓународните прописи за избегнување на судари во морето, се приближил и закачил брод на грчката воената морнарица рано утрово, југоисточно од островот Лезбос во Егејското море, соопштуваат од Генералштабот на воената морнарица на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во инцидентот меѓу трговскиот брод „Кармате“ што пловел под турско знаме и бродот „Арматолос“ на грчката воена морнарица, нема повредени или материјална штета, а биле известени надлежните во НАТО.

– По настанот, трговскиот брод ја зголеми брзината и се оддалечи, движејќи се кон најблискиот брег на Турција, без да одговори на радио повиците од грчкиот брод „Арматолос“, соопштуваат од грчката воена морнарица.

Инцидентот се случил за време на планирана патрола на грчкиот брод во рамките на активностите за справување со мигрантските бранови во Егејското Море.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...