Јункер го повика белгијскиот премиер на британските функионери да им даде државјанство

570

Шефот на Европската Комисија Жан Клод Јункер ја повика Белгија да ја демонстрира својата „великодушност“ така што ќе им даде државјанство на бритнските функционери кои работат во институциите на ЕУ.

Јункер го поднел ова барање откако белгијскиот премиер Шарл Мишел денеска им се обрати на пратениците.

Откако го пофали Мишел велејќи дека е посветен на европската цел и го опиша Брисел како „топло пријатно опкружување“, Јункер го повика да покаже дарежливост во доделување на државјанства на британските функционери во институциите на ЕУ.

– Знам дека премиерот е великодушен и дека ќе ја исполни нашата желба – додаде Јункер.

Белгијското државјнаство многу би помогнало во осигурувањето на иднината на 1.260 британски функционери кои работат во институциите на ЕУ, чиј статус останува нејасен речиси две години по референдумот за Брегзит.

Според законите на ЕУ, функционерите мораат да имаат државјанство на некоја држава членка, што значи дека Британците кои работат како ЕУ функционери можат да бидат сменети откако нивната земја формално ќе го напушти блокот во март 2019 година.

Бројот на Британците кои бараат белгијско државјанство се зголемил од референдумот во јуни 2016 година, кога 506 британски државјани добиле државјанство на Белгија, што е четири пати повеќе отколку претходната година.

Но, некои функционери не ги задоволуваат предусловите за државјанство, кои наложуваат дека во Белгија мора да живеат пет години пред да се пријават за државјанство.

Сепак, сигурноста на работата на британските функционери варира од институција до институција. Позицијата на Британците во Европаската комисија, која вработува околу 70 отсто британски вработени, се чини најсигурна.

Во март, Гунтер Отингер, европски комесар одговорен за човечки ресурси, рекол дека функционерите ќе бидат сменети само во случај на судир на инереси или поради меѓународни обврски, додека Мартин Шулц, поранешен претседател на парламентот, ветил дека функционерите на Велика Британија нема да бидат сменети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...