Академијата го исфрли режисерот Роман Полански поради тоа што судот го прогласи за виновен за силување 13 годишно девојче во 1977 година . Заедно со него е исфрлен и актерот и комичар Бил Козби, кој е осуден за сексуален напад врз десетици жени.
Пред нив од Академијата минатата година беше исфрлен и продуцентот Харви Вајнштајн поради бројните обвинувања за сексуален напад.
Во кусото соопштение од Американската филмска академија се наведува дека оваа
институција и натаму ќе ги негува етичките и морални правила.