Астронаут со фобија од височина, чекорел во вселената ВИДЕО

138

Додека астронаутот на НАСА Џозев Акаба чекорел во вселената во текот на неодамнешното патување до Меѓународната вселенска станица, не му било сеедно, имајќи предвид дека има фобија од висина.

– Ако ги погледнете фотографиите, ќе видите дека се држам за решетката. Потребно е да направите извесен напор додека чекорите во вселената за да сфатите дека, сепак, се е во ред и дека нема да паднете – рекол Акаба во Вселенскиот центар Стенис во Мисисипи.

Акаба првпат се појави во јавноста откако на 28 февруари се врати од вселенската станица. Овој астронаут, кој во вселената помина повеќе од 300 дена во текот на три одвоени летови, рекол дека патувањето во вселената на граѓаните им е сега поблиску отколку што многумина мислат.

– Следната година или во наредните години ќе имаме комерцијални летови со астронаутите на НАСА и тоа е првиот голем чекор – рекол Акаба, напоменувајќи дека патувањето во вселената е тешко, но дека се надева на поголем број можности за летови на граѓаните во вселената во блиската иднина. Крајна цел е, според неговите зборови, луѓето да стасаат на Марс, но на патот кон Марс е станицата – Месечината. Логичен, прв чекор е да се оди на Марс. Иако таму веќе бевме, тоа беше временски многу ограничено патување, а сега имаме нови технологии кои сакаме да ги тестираме, не само на површината на Месечината, туку и во неговата орбита за да направиме некој вид капија од каде ќе патувате на Марс – објаснил астронаутот.

Целта е, заклучил, на Марс да се оди до 2030 година, а пред тоа на Месечината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...