Пентагон размислува за повторно отворање на затворот во Гвантанамо

79

Министерството за одбрана на САД соопшти дека изработило предлог-документ во кои се наведени услови за повторно отворање на затворот во американската воената база Гвантанамо на Куба, каде би биле задржувани лица осомничени за тероризам,

– Министерството за одбрана до Белата куќа достави предлог-критериуми за испраќање на поединци кои претставуваат континуирана и серизона закана по безбедноста на САД, на отслужување затворски казни во Гвантанамо – изјави портпаролката на Пентагон, Сара Хигинс.

Како што јави МИА, претходниот американски претседател Барак Обама во 2009 година потпиша уредба за затворање на затворот во Гвантанамо, по што до крајот на неговиот мандат во јануари 2017 година, бројот на затвореници беше намален од 242 на 41.

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп во текот на предизборната кампања вети повторно отворање на затворот, а во јануари годинава потпиша уредба со која на Пентагон му се дава рок од 90 дена да го дополни упатството за тертман на терористите заробени во борби.

Одлуката на Трамп наиде на критики од страна на организациите за заштита на човековите права, кои и претходно обвинуваа за нехуман однос кон затворениците во Гвантанамо.

На реакциите на овие организации, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изјави дека верува оти терористите во Гвантанамо ќе бидат тертирани на хуман начин, а дека во исто време ќе се обезбеди гарантирање на безбедноста на САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...