Рахој: За злосторствата на ЕТА не може да има амнестија

61

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска ја отфрли најавата на баскиското сепаратистичко движење ЕТА дека се распушта, опишувајќи го потегот како пропаганда и „празни муабети“.

Претходно ЕТА соопшти дека се распушта по повеќе децениски терористички акции. Групата е одговорна за убиство на најмалку 800 луѓе од нејзиното формирање во 1959 година кога ја најави и борбата за отцепување.

Во 2011 година организацијата најави дека се откажува од насилната борба, а од лани го предаде оружјето. Рахој денеска рече и дека за злосторствата што ги направила ЕТА не може да има амнестија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...