Брод со 53 Ирачани и Сиријци се насука на плажа во североисточна Грција

77
ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Грчките власти денеска соопштија дека пронашле 53 лица од Сирија и Ирак, откако бродот со кој се обиделе илегално да влезат во Грција, се насукал на плажа во североисточниот дел од земјата.

Пловилото, кое било 12-метарска јахта што пловела под турско знаме, се насукала на плажата Моливоти во регион Родопи, далеку од сите маршрути кои се користат за влез мигранти и бегалци од Турција во Грција.

Во групата бегалци имало 19 мажи, 11 жени и 23 деца на возраст од две до осум години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...