Бебе со Даунов синдром стана заштитно лице на компанија за храна за деца

107

Малиот Лукас победил помеѓу 14 илјади деца на конкурсот за заштитно лице на американската компанија за храна за деца „Гербер“.

Малиот Лукас Ворен има еднаипол година, а веќе станал ѕвезда. Лукас е одбран помеѓу 14 илјади други деца кои се пријавиле на конкурсот за заштитно лице на американската компанија за храна за деца „Гербер“.

Инаку, Лукас има Даунов синдром и освен ангажманот, добил и парична помош – 50 илјади долари кои неговите родители ќе ги употребат за образование на ова шармантно мало момче.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...