Ердоган формално номиниран за претседателски кандидат

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) денеска и формално го номинира претседателот Реџеп Тајип Ердоган за претседателски кандидат на претстојните општи избори, што се планирани на 24 јуни.

88

Републиканската народна партија (ЦХП) вчера соопшти дека постигна договор со Добра партија, Исламистичката Саадет партија и Демократската партија заеднички настап на изборите.

Со тоа се овозможува и помалите опозициски партии да влезат во Парламентот, со оглед на тоа што се потребни најмалку 10 отсто од освоените гласови.

Турската прокурдска партија, чиј поранешен лидер и неколку пратеници се во затвор под обвинение за тероризам, не е дел од опозицискиот блок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...