Богов: НБРМ без гувернер не може да функционира

Посебно проблематично ќе биде, вели Богов, доколку се повторат одредени шокови какви што имамме во одделни години до 2015 година.

681

Ако не се избере гувернер на НБРМ ќе се блокира работата на оваа значајна институција за стабилноста на економијата, изјави денеска на прес-конфернција, гуверенерот на НБРМ, Димитар Богов.

– Сите кои велат дека НБРМ може да функционира без гуверенер или не се добро информирани или, пак, знаат добро во што ја впуштаат македонската економија.  Некои одговорности на гувернерот се исклучиво негови, како донесување одлуки за каматни стапки, ликвидност или за банкарскиот сектор и не може да се префрлат на други, оти ги носи само гувернерот. Тоа ќе биде сериозна закана за стабилноста на економијата – рече Богов.

Посебно проблематично ќе биде, вели Богов, доколку се повторат одредени шокови какви што имавме во одделни години до 2015 година.

Сепак, како што рече Богов, верува дека ќе се дојде до компромисно решение и ќе се избере гуверенр во законскиот рок, и нема да се заобиколкува Законот за Народна банка.

– Очекувам да се испочитува законот за Народната бакна кој е усогласен со европските норми. Партиите очекувам да се однесуваат европски и да го имаат предвид интересот на државата. Верувам дека, ако има добра волја ќе се избере најдобриот кандидат, човек професионалец кој ќе може  успешно да ја води Народната банка – рече Богов.

Според него, земјава има добри кадри кои можат да ја водат Народната банка и затоа верува, оти ќе се постигне договор за еден од нив.

За неговата кандидатура, рече дека ја прифатил, а за тоа дали добро ја водел Народната банка во изминатите години, како што рече, говорат резултатите кои се мерливи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...