Шведска не се срами да признае пред светот: Нашето национално јадење е всушност турско

Шведските власти оваа вест ја соопштија неодамна на својот официјален профил на Твитер.

526

Шведска – земјата на ИКЕА и на општествената благосостојба, има шокантна порака за целиот свет.

Шведските ќофтиња широко познати како шведско национално јадење, всушност потекнуваат од Турција.

Шведските власти оваа вест ја соопштија неодамна на својот официјален профил на Твитер.

– Нашите ќофтиња, всушност се базираат на рецепт од Кралот Карло XII, кој тој го донел од Турција на почетокот од 18. век. Да се држиме до фактите, пишува на социјалната мрежа.

Се уште не е јасно зошто Шведска одлучила дека сега е вистинско време да го соопшти тоа, но нејзината изјава секако покрена вистинска лавина од реакции.

Турците беа пресреќни, некои Швеѓани зачудени, а на социјалните мрежи се појавија голем број шеговити коментари

– Целиот мој живот е лага, се пожалил еден Швеѓанин на Твитер.

Некои Турци и предложија на Шведска името на јадењето да го промени во „köfte“, што е турски назив за ќофте.

Кралот Карло периодот меѓу 1697 и 1718 година го поминал во егзил во Османлиското царство, а кога повторно се вратил во Шведска, покрај рецептот за ќофте, со себе понел и зрна кафе и рецепт за сарма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...