Тахири се откажа од пратеничкиот мандат за да се соочи со правдата и „кловновите во политиката“

Саимир Тахири, кој е пратеник во Парламентот, се откажа од пратеничкиот мандат, за да „како обичен граѓанин се соочи со започната истрага против него за вмешаност во трговија со дрога“.

642

Поранешниот албански министер за внатрешни работи, Саимир Тахири, кој е пратеник во Парламентот, се откажа од пратеничкиот мандат, за да „како обичен граѓанин се соочи со започната истрага против него за вмешаност во трговија со дрога“.

На прес-конференција тој рече дека ќе се соочи не само со правдата, туку и со политичките кловнови, како што ги нарече, не само претставниците на опозицијата, кои го напаѓаа уште кога беше прв полицаец во Владата на премиерот Еди Рама, туку и претставниците на Владата кои во изминатите 25 години, според него само краделе.

Тахири обвини за политичка хајка кон него и додаде дека шестмесечниот молк не е израз на неговиот страв, туку фактот дека тој сакал да се соочи само со правда, а не со политички обвинувања.

– Денеска го враќам мојот пратенички мандат додека не се открие вистината. Како обичен граѓанин, со моето семејство, со моите пријатели и сите луѓе што ми веруваат, ќе се соочам со правдата на законот, како што ќе се соочам со кловновите во политиката. Во ниту еден миг нема да се откажам. Еве ме како обичен граѓанин. Ова не е мојот последен натпревар, тоа е прв. Јас сум Саимир Тахири и немам потреба од мандатот и имунитетот за да се соочам со кловновите во политиката денес и се додека имам сила, истакна Тахири.

Тој ги обвини „олигарските кои трчале по тендери“, додавајќи дека за еден пат или болница биле наплатувани четири до петпати повеќе од реалната цена на изградбата, што се оценува идиректно обвинување и на актуелната власт.

Тахири беше пратеник и во периодот 2008 – 2013 година,кога социјалистите беа во опозиција, потоа беше министер за внтарешни работи, а во октомври беше сменет поради обвинувањата дека е вмешан во трговија со дрога од Албанија во Италија.

Парламентот, по барање на Јавното обивнителство, донесе одлука за одземање на пасошот, но не и мандатот, по што се откажа од партијата и стана независен пратеник. Тој, како министер за внатрешни работи раководеше со акцијата, со која по долги години полицијата влезе во селото Лазарат, познато како фабрика за марихуана и уништи големи колични дрога и сите парцели засадени со марихуана.

По избивањето на „скандалот“ со споменување на името на Тахири откако во Италија беше упасена групата на Моиси Хабилај, тој отфрла било каква вмешаност, тврдејќи дека станува збор за друго лице кое се споменува во прислушуваните разговори а го користи неговиот идентитет.

ФОТО: твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...