Поранешните телохранители на Џони Деп го тужат холивудскиот глумец, тврдејќи дека работеле премногу, а биле премалку платени. Тие наведуваат и дека се чувствувале како негови „дадилки“, со обѕир дека „го чувале и од самиот себе“.
Јуџин Ареола и Миѓел Санчез покренаа тужба против Деп и од него бараат да им исплати пари коишто тој наводно им ги должи. Имено, како што велат, од април 2016 до јануари 2018 година не им е исплаќана прекувремената работа.
Еден од телохранителите вели дека морал да чува и едно од децата на Деп, кое не живеело во куќата на глумецот.
Деп се уште нема коментар за тужбата.
ФОТО: Инсаграм