Најмалку 74 луѓе настрадаа и голем број се повредени во жестоки песочни бури, кои ги погодија северните индиски држави Раџастан и Утар Прадеш, јави Би-Би-Си.
Бурите предизвикале и прекин на снабдување со електрична енергија, уништувале куќи и сточен фонд.
Голем број луѓе ги загубиле животите откако им се урнале куќите додека спиеле по силни удари од громови.
Би-Би-Си наведува дека песочните бури се многу чести во тој дел од Индија, но необично висока е бројката на жртви.
ФОТО: јутјуб