Многу забава, едукација и дополнителен попуст за пазарување во „Џамбо“ се само дел од изненадувањата што ги очекуваат посетителите на големото отворање на новиот Веро маркет во сабота во Скопје. За секоја сметка од 1.000 денари направена во новиот Веро маркет во периодот од 5 до 8 мај, посетителите ќе добијат ваучер за дополнителен попуст во „Џамбо“ маркетот во Веро центар кој може да го искористат до 30 мај.
Новиот Веро маркет е лоциран во населбата Карпош 3, во близина на зградата на „Прокредит банка“. Освен изненадувањата за возрасните и дегустации што ќе почнат во 11 часот, на отворањето ќе има специјална програма наменета за децата што ќе почне во 12 часот, во која тие заедно со нивниот омилен јунак Петко и неговиот бенд „Пет плус“ ќе учат за здравата храна и за нејзиното значење. Освен едукацијата, децата еден час ќе пеат и ќе се забавуваат со хитовите на бендот „Пет плус“.
Новиот продажен објект на Веро е 12. маркет што компанијата „Веропулос“ го отвора во земјава. Минатата година кога одбележа 20 години од влезот во Македонија, Веро отвори нов маркет и продавница „Џамбо“ во Тетово, како и уште една продавница „Џамбо“ во Битола. Исто како останатите Веро маркети, новиот продажен објект во Карпош 3 ќе нуди широка палета производи од македонски производители, но и ексклузивни производи од увоз кои може да се најдат само во Веро.
– Изминатиов период Веро интензивно ја проширува својата мрежа на маркети и продавници „Џамбо“, што е одличен повод на нашите потрошувачи да им понудиме и дополнителни содржини наменети за забава, релаксација, но и едукација. Нашата стратегија е на потрошувачите да им нудиме одлично шопинг искуство, огромен избор на најквалитетни производи и најконкурентни цени. Следејќи ги барањата и потребите на потрошувачите, нашиот тим постојано креира различни понуди според нивните желби и вкусови. Довербата и лојалноста на македонските потрошувачи е доволен доказ дека сме на вистинскиот пат – вели Лукас Бисиас, генерален директор на „Веропулос“ .
Со продажен простор на едно ниво, сопствен паркинг наменет за потрошувачите и широка палета на производи од домашни компании, како и ексклузивни производи од увоз, новиот маркет целосно ќе ги задоволи потребите на купувачите. Со новите вработувања во овој маркет, вкупната бројка на вработени лица во Веро ќе достигне околу 1.100 лица.
Досега компанијата „Веропулос“ има отворено осум маркети во Скопје и по два маркета во Битола и Тетово, како и четири продавници „Џамбо“ во овие три градови. Ова компанија е сопственик и на франшизата за ресторанот за брза храна „Гудис“. „Веропулос“ е присутен и на пазарот во Србија со Веро маркети и продавници Џамбо.
(промотивен текст)