Ако некогаш сте се запрашале зошто се дебелеете кога речиси ништо калорично не јадете, еве една возможна причина: дебелината е последица на хормонална нерамнотежа. Со хормонален дисбаланс доаѓа до таложење на масти на критичните делови од телото, а организмот пак, ги користи шеќерите како примарен извор на енергија. Со применување на липосукциска диета, му овозможуваме на организмот да го смени „горивото“ за енергија, односно да се префрли да троши масти. При тоа, не се менуваат биохемиските параметри, туку само се користи природниот метаболизам за да се активираат масните залихи и да се искористат како извор на енергија. Оттука, целта на липосукциската диета е залихите на масти во организмот да се потрошат во рок од 14 до 28 дена, но истовремено и да се врати хормоналниот баланс.
Шеќерот е најголем проблем на денешницата, затоа липосукциската исхрана сосема ги исклучува шеќерите и јагленохидратите, а се темели на внес на „добри“ масти и протеини, заедно со внесот на амино-киселини преку суплементи.
Зошто ни се потребни суплементите?
Со липосукциската исхрана се слабее кога со помош на амино киселини- хормоналното регулирање на масното ткиво повторно доаѓа во рамнотежа, што претставува процес обратен од дебелеењето.
Тајната на липосукциска исхрана е во специфичната формула на суплементи, амино-киселини, кои го активираат ензимот липаза. Така, амино-киселините делуваат на засилено искористување на мастите за добивање енергија – се зголемува ослободувањето масни киселини, се намалува искористувањето на гликозата и се зголемува синтезата на гликоген во клетките, а последица на тоа е брзото слабеење. Тоа е природен процес кој ја поттикнува редукцијата на масти и кој помага да загубиме 10 отсто од телесната тежина во текот на еден третман.
Најважно е дека не сме гладни, дека килограмите ги губиме брзо и дека режимот е сто отсто безбеден за здравјето.
Амино-киселините се конзумираат во форма на прашок кој треба да се раствори во вода. Тие не го заменуваат оброкот, туку ги активираат масните резерви со кои организмот се храни – значи, ги топат мастите и ги претвораат во енергија.
Дали е здраво за еден третман да се загубат 10 килограми?
Кога ќе чуеме дека со оваа прогресивна диета многу брзо се ослободуваме од вишокот на килограми, нормално е да се прашаме дали е здраво ваквото брзо слабеење? Пред да одговориме, важно е да се знае дека во липосукциската исхрана организмот троши онолку масти колку што во одреден момент му е потребна енергија. А, во нашето тело се одвиваат илјадници важни метаболички процеси за кои е потребна енергија. Ако на организмот му ги скратиме сите алтернативни извори на енергија, а акумулираните масни резерви му ги направиме достапни, телото ги задоволува своите природни потреби. Доколку во текот на еден тринеделен третман тоа согори десет отсто од мастите, тоа е затоа што толку енергија му била потребна. Затоа, липосукциската исхрана е потополно природен и здрав процес.
Може ли липосукциската исхрана да ја практикуваме сами?
Протоколот за липосукциска диета може да го спроведете и сами, со придржување на диетно мени и дозволените намирници. Сепак, треба да се биде многу внимателен и потребно е претходно да се советувате со доктор, бидејќи наглата промена на исхраната и начинот на живот, може да влијае на сите аспекти на здравјето. Тоа особено важи за лицата кои страдаат од хронични болести и пореметувања. Диетното мени е разнолично и дозволува обилни вечери и десерти на база на овошје. Со оброците редовно се земаат и суплементи – аминокиселини и се пие најмалку два литра вода или незаблажени течности.
Закажете го својот бесплатен преглед и информирајте се повеќе за протоколот за неинванзивна липосукција на телефонот 070/535 033.